ВИДЕО | Уникатен пример: Дански музеј изложи скелет на диносаурус со 97 отсто недопрени коски

Фото: Facebook / Museum of Evolution

Скелетот на долговратиот диносаурус од видот „камарасаурус грандис“ / „camarasaurus grandis“, долг 13 метри, ѝ беше претставен на јавноста во Музејот на еволуцијата во данскиот сафари парк „Кнутенборг“, Марибо.

Директорот на „Кнутенборг“, Кристофер Кнут, изјави дека диносаурусот живеел пред околу 150 милиони години во денешен Вајоминг во САД, пренесува „Ројтерс“.

Диносаурусот беше откриен во 2017 година во точно истата положба во која умрел, во близина на сегашен ранч за говеда во Вајоминг, пред да биде ископан, реставриран и транспортиран во Данска.

„Има 97 отсто недопрени коски, што е апсолутно уникатно“, вели Кнут.

Скелетот сега е изложен со други фосили и скелети во Музејот на еволуцијата, кој е отворен во 2022 година.

Според природонаучниот музеј во Лондон, „камарасаурус“ бил тревојаден диносаурус на четири нозе, кој живеел пред 150-140 милиони години на територијата на денешните Соединети Американски Држави и можел да достигне должина до 23 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот