ВИДЕО: Унгарците во последните секунди до важна победа над Португалија

Унгарија мора да слави и против Исланд доколку пласман во втората фаза на ЕП/Будимпешта, Унгарија/16 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Ракометарите на Германија успеаја да ја победат Австрија со 34:29 (15:16), тоа е нивна втора победа на Европското првенство, додека еден од домаќините Унгарија, по поразот од Холандија – 31:28, во финишот од средбата ја совлада Португалија со 31:30 (14:15). .

Селекцијата на Германија не брилјира на стартот на ЕП, но реди победи и оди во главната фаза на натпреварувањето. Германија се мачеше против Белорусија, така беше и сега со Австрија, и во одлична атмосферата ја чека мечот од последното трето коло, против селекцијата на Полска.

Најефикасни стрелци во победничките редови беа Кастенинг со девет, Мертенс со шест и Хејман со пет гола. Кај Австријците кои во првото коло беа поразени од Полјаците со 36:31, Фримел беше расположен за игра во нападот, со девет, Вебер со четири и Вагнер со три гола.

Унгарија беше поразена во првото коло од Холандија, а денеска успеа да го подигне нивото на игра, успеа да ја победи Португалија, а сега во последното коло може да избори пласман во следната рунда доколку триумфира и над Исланд. Победничкиот гол за Унгарците во последните секунди го реализираше Мате.

Токму Мате блескаше со седум, Мате Лекаи со пет и Золтан Шита со четири гола. Кај Португалија, која во првото коло беше поразена од Исланд, расположени за игра во нападот беа Мигел Мартинс и Руи Силва Соса со по пет гола и Антонио Родригеш со четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот