Фото: Инфо Компас

ВИДЕО: Уметникот Златко Крстевски живее во беда – без струја на студот, црта на свеќи за парче леб

Крстевски е еден од најрепрезентативните прилепски уметници, со 30 самостојни изложби во Македонија и странство и учество на над 700 меѓународни групни изложби

Познатиот ликовен уметник од Прилеп, Златко Крстевски, последниве седум месеци живее без струја бидејќи не може да го плати долгот од 12.000 денари. Студот и зимата ги поминува седејќи дома облечен со капи и јакни, покриен со ќебиња, јавува порталот „Инфо компас“.

Во домот дел од прозорците немаат стакла, а тој нема пари да ги смени. Често се случува и со денови да нема за јадење. Во овие екстремно тешки услови живее 55-годишниот Крстевски, кој е еден од најрепрезентативните прилепски уметници, вистински културен амбасадор на градот, со 30 самостојни изложби во Македонија и странство и учество на над 700 меѓународни групни изложби.

„За жал, кај нас нема никакви хуманитарни организации, треба да бараш од Скопје, да ургираш, па овде некој да ти даде“, вели Крстевски.

Тој е мултидисциплинарен уметник со придонеси во сликарството, современиот цртеж, сатирата, карикатурата, поштенската уметност и стриповите. Вели дека се случува да мора да црта на свеќа, ако има итна порачка за да заработи денар за да преживее.

„Пред Нова Година еден цртеж за една изложба, ама тој на свеќа буквално. Инаку избегнувам бидејќи ова се маслени запаливи бои и ако дојдат во допир со оган може настане пожар“, вели Крстевски.

Тој ја повикува државата, општествено одговорните, јавни или приватни претпријатија и компании преку ангажирање на уметниците и откуп на нивните дела да ја помогнат уметноста кај нас.

Погледнете ја приказната за тешките услови во кои живее уметникот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот