ВИДЕО: Уличните камери го снимија свирепото убиството на Милан во Филаделфија: Му пребаруваа по џебовите и го ликвидираа а тој до последен здив се мачел да си го спаси кучето

Полицијата од Филаделфија, САД, се надева дека снимките од камерите ќе помогнат напаѓачите да бидат уапсени што е можно побрзо. Дополнително, властите соопштија дека ако некој ги идентификува убијците ќе го наградат со 20 000 долари.

Камерите го снимија убиството на младиот човек со српско потекло, Милан Лончар (25), кој беше убиен додека шеташе со своето куче во населбата Бреверитаун, во Филаделфија.

Кога се свртел во улицата Џеферсон околу 19 часот, двајца мажи му пришле и се обиделе да го ограбат, соопшти полицијата.

– Снимено е и видео од грабежот на видеонадзор. На снимката видовме разбојници кои ги пребаруваа џебовите на Лончар. Набргу потоа, еден од мажите отворил оган и ја удрил жртвата во градите. Засега е познато дека немало борба – изјави Скот Смол, полициски инспектор во Филаделфија.

Полицијата го пронашла несреќниот млад човек во локва крв во полусвесна состојба. Иако ранет, тој сè уште го фаќаше поводникот на кој беше неговото куче, рекоа истражителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот