ВИДЕО: Улицата „Црниче“ е во мрак, граѓаните очекуваат осветлување од Општина Кисела Вода

Фото: Приватна архива

Делови од општина Кисела вода веќе подолго време тонат во тотален мрак. Дека е така говори и видеото кое до редакцијата на „Слободен печат“ го испрати наш редовен читател и жител на населбата Црниче.

-Веќе некое време на улица Црниче нема улично осветлување. Навечер е страшно, како да живееме во планина, а не на само два километри од центарот на Скопје. Се обидовме да реагираме во Општина Кисела Вода, но се уште осветлувањето не е поправено, вели Дејан.

Се обидовме од општинските власти да добиеме одговор кога ќе се реши проблемот со осветлувањето, но од таму добивме одговор дека станува збор за улица која граничи со Општина Центар, и честопати има недоразбирање околу ингеренциите.

Улицата Црниче не е единственото место во Кисела Вода во кое владее целосен мрак. И детското игралиште спроти општинските бараки е потполно неосветлено, поради што се почесто родителите го избегнуваат како локација за забава на нивните деца.

-Игралиштето е потполно неосветлено, се случува дури во темницата да не можеме да ги најдеме сопствените деца. Неопходно е веднаш да се заменат уличните светилки, вели мајка на петгодишно дете кое редовно го посетува паркот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот