(ВИДЕО) Украински дрон погоди руски воз кој пренесуваше нафта во Запорожје
Украинската војска погодила воз кој превезувал нафтени деривати во областа Запорожје, која е окупирана од Русија, во близина на Токмак, користејќи беспилотно летало.
Ова го објави самопрогласеното „Министерство за вонредни ситуации на регионот Запорожје“ на социјалната мрежа „Телеграм“.
„Во округот Чернихив, претставници на Министерството за цивилна одбрана, вонредни ситуации и помош при катастрофи на Руската Федерација го изгаснаа пожарот на три резервоари со нафта како резултат на удари со беспилотни летала“, се вели во соопштението.
Според фотографиите и видеата, возот бил погоден ноќе, но пожарот не можел целосно да биде изгаснат до раните утрински часови.
Ова не е прв обид за напад на руската железничка логистика во областа со помош на беспилотни летала.
И на почетокот на август, украинските единици извршија напад врз железничката логистика.