ВИДЕО: Украина „претплатена“ на реми, Данците имаат „пет од пет“

Украинците во мундијалските квалификации досега знаат само за нерешени резултати/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Вечерва се одиграа нови натпревари од европските квалификациите за пласман на следниот Мундијал, во еден од поинтересните дуели, Украина во Киев одигра нерешено со актуелниот светски шампион Франција (1:1).

Верувале или не, ова е веќе петто реми по ред од почетокот на кваликациите за Украинците кои први дојдоа во водство против „триколорите“ непосредно пред паузата со убавиот погодок на Шапаренко (44`).

„Триколорите“ не дозволија изненадување и на стартот од второто полувреме дојдоа до бодот кој го донесе Марсијал (50`).

Моментно во квалификациската група „Д“ води Франција со девет бодови од пет натпревари, следува Финска која има пет од три натпревари, третопласирана е Украина исто така со пет бодови од пет меча. Претпоследна е Босна и Херцеговина со два бода од три натпревари, а на дното е Казахстан со два бода од четири меча.

Данска продолжува победнички во квалификациите, го забележа и петтиот триумф по ред овојпат на гостувањето кај Фарските острови (0:1). Стрелец на единствениот погодок беше Винд во 85 минута после асистенцијата на Јенсен.

Во истата квалификациска група „Ф“ Израел беше убедлив дома над Австрија (5:2), а Шкотите со 1:0 славеа против Молдавија. Во генералниот пласман Данците имаат 15 максимални бодови, пред Израел (10), Шкотска (8), Австрија (7), Фарски острови (1) и Молдавија (1).

Во квалификациската група „Г“ Турција ја оправда фаворитската улога кај Гибралтар (0:3) со головите на Дервишоглу, Чалханоглу и Караман, додека Холанѓаните на домашен терен со 4:0 триумфираа против Црна Гора. За „лалињата“ двоен стрелец беше Депај, а по еден погодок имаа Вајналдум и Гакпо.

На табелата Турците имаат 11 бодови, пред Холандија и Норвешка по 10, Црна Гора има седум, Летонија четири, а Гибралтар ниту еден.

Хрватска во квалификациската група „Х“ го запиша третиот триумф (0:1) на гости со голот на Брозовиќ во самиот финиш од средбата во Братислава. На табелата водат Русите и Хрватите со по 10 бодови, седум има Словенија, шест Словачка, а по четири Малта и Кипар.

ВИДЕО: Митровиќ двоен стрелец, Србите го делат врвот со Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот