ВИДЕО | Победничката песна на Евровизија: Украина му ја украла песната на Аца Лукас?

Српскиот фолк-пејач Аца Лукас се потсетил на својата песна од 1998 година откако Украина во саботата победи на годинешната „Евровизија 2022“.
Лукас ја споделил инстаграм – приказната за Милан Радуловиќ Лаќа, чиј татко ја правел песната на Аца и двајцата истакнале дека нумерата многу потсетува на победничката песна на годинешната Евровизија.
„Победивме, а не ни отидовме… Сите нè ограбија“, напишал Лукас на Инстаграм.

– Честитки на Констракта. Ја претставивте Србија како што доликува. Честитки на Украина за победата. Честитки за композиторот на победничката песна кој ја знае песната на Аца Лукас компонирана од Фута“, напишал Лаќа.

ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!
Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?