ВИДЕО | Украина го возвраќа ударот: Уништен стратешки важен мост во Херсон и неколку руски тенкови

уништен мост во Украина фото принтскрин Твитер

Украинските војници го нападнаа единствениот мост над реката Дњепар во областа Херсон, кој руските сили го користат за снабдување, соопшти денеска заменик-шефот на администрацијата на Херсонската област, Кирил Стремусов.

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа за кои се тврди дека го прикажуваат моментот кога е стрелано врз еден од клучните мостови во Керсон, пишува Гардијан.

Михаило Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, на социјалните мрежи објави за ударите на клучниот мост во окупираниот Херсон, предупредувајќи ги , како што ги нареше, руските окупатори да го напуштат градот.

„Можете да го наречете Антоновски мост средство за руска противвоздушна одбрана што ги пресретнува сите украински ракети, но не можете да избегате од реалноста – окупаторите треба да научат како да пливаат преку реката Днепар. Или да го напуштат Херсон додека тоа е сеуште можно. , рече тој.

Украинската армија на својот официјален Твитер профил објави видео на кое се гледа моментот кога Воената контраразузнавачка служба со беспилотни летала напаѓа и уништува три руски тенкови Т-72. На видеото не се наведува каде и кога се случил нападот врз руските тенкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот