ВИДЕО | Училиште во Србија забранило шорцеви, ученик дошол во фустан: Ги почитувам правилата

србија
Фото: Принтскрин/ТикТок

Ученик од Србија неодамна објави видео на „ТикТок“ направено при крајот на школската година, во кое покажа дека ги почитува правилата на своето училиште, но на поинаков начин, пишува хрватски Индекс.

Според коментарите на видеото кое стана хит на социјалните мрежи, може да се заклучи дека се работи за средно училиште во Србија, кое на учениците им забранувало на часови да доаѓаат во шорцеви, па ученикот решил да дојде на училиште во фустан. Ученикот кој на „ТикТок“ се потпишува @stribog36, вели дека ги почитувал сите правила.

@stribog36Poštujem sva pravila♬ original sound – Stribog

„Нели не е дозволено да одиш на училиште во шорцеви? Не е дозволено. Брат, јас доаѓам во фустан како човек. Ајде, избркајте ме, ако. Колку добро ми стои“, вели младиот човек во видеото.

Неговата објава за неколку дена собра повеќе од 800.000 прегледи и над 100.000 лајкови. Во коментарите, тој откри дека фустанот го извадил од плакарот на мајка му, а следбениците имаа само зборови на поддршка за него: „Ова го нарекуваме вистински маж“, „Ни се допаѓа маж кој е уверен во својата машкост“, „Почит“, „Омилен“, „Добро ти стои“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот