ВИДЕО | Убавината понекогаш спасува животи: Супермоделот Жизел Бундшен снимена во херојски акт

жизел бундшен
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Покрај тоа што е една од најдобрите светски супермодели, Жизел Бундшен е и љубител на животни и посветена екологистка. Но, не само на збор, туку таа и навистина спасува животи!

Па така, кога 41-годишната бразилска убавица забележала дека нешто не е во ред за време на прошетката на плажа со пријателка и нејзиното куче Оникс, веднаш се впуштила во акција.

„Животот е серија можности кои се појавуваат секојдневно, а ние избираме што да правиме со нив“, напиша Жизел, и се впушти во прекрасна акција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

„Рано утрово шетав по плажата и Оникс почна да лае по купот ѓубре од океанот што се исфрлил на плажата за време на плимата. Кога дојдов поблиску ја видов оваа прекрасна желка превртена наопаку со поглед на безнадежност и исцрпеност во нејзините очи. Нејзиното тело беше заврзано и заплеткано во рибарска мрежа“, објасни таа.

Облечена во црн спортски градник, шорцеви и црни патики, Бундхен му зборуваше на својот мајчин португалски на животното додека се обидуваше да го ослободи од мрежата која ја давеше. Меѓутоа, дури и откако успеала да ја одврзе желката од зелените рибарски мрежи, таа била премногу уморна за да се врати во океанот. Тогаш Бундхен сфати дека ќе мора сама да го врати животното до работ на водата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Супермоделот прикажа видео на својот инстаграм-профил на кое се гледа животното како се упатува кон океанот, а во позадина одекнуваа звуците од песната „Oceans (Where Feet May Fail)“ на „Hillsong UNITED“

„Не размислував двапати, само ја зедов и ја однесов до водата. (Неверојатно како адреналинот може да те направи посилен!) Се чувствував олеснето и толку среќна што ја видов како слободно плива, благодарна што бев таму и можев да помогнам“, напиша Бундшен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Како чест застапник за животните и животната средина, Бундшен го заврши својот коментар објаснувајќи дека не сите животни се толку среќни како морската желка што таа ја спасила.

„Има толку многу други животни кои за жал завршуваат вака и умираат во мрежи. Денешниот ден ме потсети дека мораме да станеме посвесни за нашите начини како вид и да помогнеме во заштитата на сите животни; тоа е наш избор. Се молам сите да станеме и да запомниме дека можноста за промена започнува со еден чин“, напиша моделката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Неколку нејзини познати пријатели, почнувајќи од Алиша Кис до Џиџи Хадид, со неизмерна почит одговорија на доброто дело на супермоделот. Хајди Клум одговори со едноставно „Те сакам“, додека Гал Гадот го нарече Бундшен „кралица“. Секако, еден од најгласните поддржувачи беше нејзиниот сопруг Том Брејди, кој објави серија емотикони со срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот