ВИДЕО | Убава слика во Катар: Срби против Бразилци играа мал фудбал

Фото: Screenshot

Вечерва се игра натпреварот помеѓу Бразил и Србија кој предизвикува големо внимание на овие простори поради настапот на нашиот северен сосед. Атмосферата во Катар е се пожешка, па така навивачи на Србија и Бразил играа мал фудбал.

Вечерва се очекува да има голем број српски и бразилски навивачи на трибините, а на неколку часа пред почетокот одлучија да се пресметаат. За среќа не се работи за некој инцидент како што сме навикнати да гледаме, туку играа мал фудбал.

Српските и бразилските фанови играа мал фудбал два на два, „мечот“ се одигра на аеродром и на крајот победа славеа Србите. Ќе потсетиме, натпреварот се игра вечерва од 20:00 часот.

Видео на денот