ВИДЕО | УАПСЕНИ СО НАД ДВА ТОНИ КОКАИН: Дрогата ја криеле во 40 тони јаглен во шпанско пристаниште!

Фото: Принтскрин

Шпанската полиција заплени повеќе од два тони кокаин и уапси 12 лица, наводно, поврзани со мрежа на шверцери на дрога кои имаат врски во Парагвај и Бразил, јавуваат тамошните медиуми. 

Според шпанската полиција, членовите на криминалната група се обиделе да ги сокријат своите траги со легитимни зделки, а истрагата, која траела повеќе од една година, кулминирала со заплена на 2,28 тони кокаин скриен во пратка од 40.000 килограми јаглен во пристаништето Алгесирас во јужна Шпанија, пренесува „Си-Ен-Ен“. 

Пред една година, полицијата идентификуваше двајца членови на таа криминална група во Мурсија и Севиља кои наводно се занимавале со легален бизнис за увоз на јаглен од Јужна Америка, а поради пандемијата, групата го преместила својот бизнис од Барселона во Алгесирас кон средината на април минатата година.

Лидерите на криминалната мрежа регрутирале луѓе да работат пред увозните компании за да ја сокријат нивната вмешаност, а парите ги переле во Валенсија.

Тие исто така користеле криптовалути за да ги прикријат парите, како и многу криминални групи од Источна Европа и Јужна Америка.

За време на истрагата, полицијата прислушувала повеќе од 100 телефони и ги следела осомничените во бројни шпански провинции. За време на истрагата, извршен е претрес во 16 куќи и компании.

Од 12 уапсени лица, шестмина беа приведени, додека шестмина се ослободени под посебни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот