ВИДЕО | Уапсени последните двајца палестински бегалци од израелскиот затвор Гилбоа

Фото: Скриншот, Ал Џезира

Двајцата затвореници, последни од шестемината палестински бегалци, кои на 6 септември избегаа од затворот Гилбоа, се пронајдени и приведени во источниот дел на градот Џенин, јавија денеска западните агенции, повикувајќи се на израелската полиција.

Израелските сили ги лоцираа во овој град и успеаја да ги фатат, откако пред половина месец ископаа тунел и избегаа од израелскиот затвор со силно обезбедување.

Двајцата мажи беа пронајдени во источниот дел на градот Џенин, соопшти денеска полицијата на Твитер.

– Најеф Камамџи и Мунадел Јакуб Инфаат се предадоа откако армијата и полицијата ја опколија куќата во која се криеја во Џенин, изјави портпаролот на израелската армија Авичај Адреи.

На Твитер беа објавени и фотографии од нивното апсење.

Откако затворениците избегаа од затворот Гилбоа, во северен Израел, првото големо бегство од палестинскиот затвор по 20 години, по нив почна голема потрага.

Двајца од нив беа заробени во близина на градот Назарет на 10 септември, додека други двајца беа уапсени два дена подоцна.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот