ВИДЕО: Уапсена старица (79) во Португалија – шефица на наркобанда која шверцувала кокаин

Фото: Screenshot/YouTube/Guardia Civil

Возрасна Шпанка е уапсена како мозок на криминална група, која криумчарела кокаин во пратски со корали, од Латинска Америка во Европа, соопшти денеска шпанската полиција.

Според цивилната гарда тројца членови од криминалната група работела со увоз на корали во Шпанија од Доминиканската Република преку Португалија и дека контејнерите биле модифицирани за шверц на кокаин во тајни прегради, објави Ројтерс.

-Криминалната група имала јасна хиерархиска структура, каде 79-годишната жена извршувала функција на водач на групата, соопшти Цивилната гарда.

Оваа жена со уште двајца Шпанци на возраст од 26 и 60 години, е уапсена во Португалија во текот на операцијата која ја водела шпанската цивилна гарда, националната полиција и португалската судска полиција.

Криминалната група го привлекла вниманието на полицијата кога се обидела да собере пари од други криминални група за својата илегална трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот