ВИДЕО: Уапсен малолетник во врска со атентатот во Ница

Полициски службеници пред храмот / Ница, Франција / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

Во Сен-Сан Дени, е уапсен седумнаесетгодишен малолетник осомничен дека бил во контакт со извршителот на атентатот, Брахим Ауисауи, јави дописникот на МИА.

Малолетникот е приведен во рамките на истрагата за нападот со нож во црквата Нотр Дам во Ница минатиот четврток, во кој беа убиени три лица, соопшти судски извор.

Сомненијата се дека тој преку пораки бил во контакт со тунискиот напаѓач, Брахим Ауисауи. Четири други лица кои беа притворени минатиот вторник, се уште се во притвор , додека еден 29-годишен Тунижанец, кој беше уапсен во саботата, во текот на денешниот ден е ослободен од гонење во оваа фаза од истрагата.

Извршителот на терористичкиот напад, според француските медиуми, се уште не е сослушан од истражните органи со оглед дека неговата здравствена состојба се влошила.

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот