ВИДЕО: Турските власти тврдат дека заплениле милијарда лажни долари во Истанбул

Фото: принтскрин

Фалсификувани банкноти на американски долари во вкупна вредност од милијарда долари денеска биле запленети при претрес во стовариште во Истанбул, тврди Жандармеријата, која објави видео од пленот.

На снимката објавена од полицијата, се гледа како агенти пребаруваат стовариште и отвораат големи дрвени сандаци полни со фалсификувани пари. Според властите, лажните банкноти биле подготвени за извоз во странство, поточно во Африка. Уапсени се шестмина осомничени фалсификатори, меѓу кои и државјани на Шведска и Гана.

Припадници на Жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што биле лажните банкноти од 100 долари, соопштија властите.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=315&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FJandarmaGNK%2Fvideos%2F786159222946734%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”315″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>

Жандармеријата соопшти дека се работи за десет милиони банкноти од 100 долари, што е најголемата заплена на фалсификувани пари во историјата на земјата. Ова предизвика реакции во кои се изразува сомнеж во веродостојноста на сумата и на количината запленети фалсификувани пари. Еден корисник на Твитер вели дека просечна банкнота од 100 долари тежи околу еден грам, што значи дека десет милиони банкноти би тежеле околу 10.000 тони. Оттаму, тежината на милијарда долари во вакви банкноти би била приближна на капацитетот на целосно натоварен просечен брод за превоз на контејнери, а на снимките не се гледа ни оддалеку толкаво количество запленети пари, вели корисникот на Твитер, илустрирајќи ги аргументите со фотографија од кинескиот брод „Коско Гуангжу“, кој има носивост од приближно 10.000 тони.

Фото: AlfvanBeem / Wikimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот