ВИДЕО | Турскиот стрелец и олимпиец Јусуф Дикеч се појави во позната ТВ серија

Јусуф Дикеч со колешката освоија сребрени медали на Олимпијадата во Париз/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Турскиот стрелец Јусуф Дикеч продолжува да го привлекува светското внимание. Откако го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Париз во 2024 година, тој сега го прави своето актерско деби со познатата серија „Денот на шакалот“.

На Олимпијадата во Париз, Јусуф Дикеч стана вирален поради неговиот опуштен став за време на натпреварот во стрелаштво со воздушен пиштол. За разлика од другите спортисти кои користеа специјализирана опрема, Турчинот стави едноставни чепчиња за уши, неговите нормални наочари и ја стави раката во џебот, поради што се истакна и стана тема на социјалните мрежи.

Популарноста на Дикеч доведе до неочекувана улога во серијата „Денот на шакалот“, во која глуми оскаровецот Еди Редмејн.

Во промотивното видео за серијата, Дикеч како стои пред огледало и носи маска. Кога ќе ја отстрани, се открива дека зад маската стои Еди Редмејн, кој глуми експерт за маскирање и снајперист.

Британскиот актер Еди Редмејн глуми во римејкот на истоимениот трилер од 1973 година. Сепак, по неговата последна мисија, тој се наоѓа себеси соочен со упорен британски агент (Лазана Линч), која тргнува во возбудлива потера на мачка и глушец низ Европа, оставајќи зад себе уништување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот