ВИДЕО | Трудот се исплати: Куче се обидувало да се спријатели со мачка цели две години

Бу и Ерл / Фото: Инстаграм, @beauthesammy

Луѓето кои сакаат животни немаат проблем да чуваат кучиња и мачки во исто време. Но, факт е дека овие преслатки миленици не се согласуваат најдобро.

Кучето Буфорд, од расата самојед, цели две години се обидувало да се спријатели со мачорот Ерл. На почетокот, мачорот не можел да го прифати веселиот „цимер“, бегал од него и постојано го удирал со шепите, објави „The Dodo“.

„Бу направи сѐ за да се спријатели со Ерл, никогаш не престана да се обидува да се спријатели со него“, велат нивните сопственици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beauford the Samoyed (@beauthesammy)

Симпатичниот самојед се обидувал да се спријатели со мачорот на сите можни начини, па Ерл на крајот почнал да го прифаќа фактот дека Бу, сепак, постои.

„Кога првпат го видовме Ерл дека се гали со Бу, тоа беше како да сме добиле на лотарија. Се навикнаа еден со друг, па сега понекогаш и си лежат заедно“, раскажуваат сопствениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dodo (@thedodo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот