ВИДЕО | Трошановски: Идејата за обединување и помирување е благородна, но тајмингот на кој оваа идеја се пласираше е неумесен

Идејата за обединување и поомирување е благородна. Сепак тајмингот на кој оваа идеја се пласираше е неумесен. Во ситуација на голема здравствена, политичка, економска криза пласирање на таква идеја кај граѓаните во најмала рака предизвикува сомнеж, па и страв. Таква идеја треба да се подготвува претходно меѓу партиски состаници, на не многу јавно ниво, за на крајот со усогласени ставови да се излезе. Идејата како таква предизвикува нелагодност кај опозицијата, го продлабочува постоечкиот раздор, кај малите партии не е популарна затоа што ја губат политичката тежина, кај албанската политичка сцена ја намалува доминацијата на ДУИ, изјави во Утрински брифинг Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија Societas Civilis и кој додава дека оваква влада не мора да значи и дека ќе биде функционална.

-Техничката, пржинската Влада покажа дека беше целосно фијаско. Во контекст на прдизборни калкулации ризикувавме здравје, успешно менаџирање со криза и не сум сигурен дека партиите можат да се издигнат над таа заробеност во теснопартиските интереси. Оттука можеби е подобро да се зборуваше за експертска Влада, но во секој случај подоговтовка за таква идеја мора да се направи многу порано, јавноста етапно да биде информирана, вели Трошановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот