ВИДЕО: Тројцата Срби што ја завија Холандија во црно добија казна за четирикратно убиство во продавница

Две години по грозоморното четирикратното убиство во Холандија, кое ги извршија таткото Камил А. и двајцата синови Денис (32) и Дејан (34) од српско потекло, судот изрече казна. Таткото и двајцата синови се осудени на доживотен затвор, пренесоа српските медиуми. 

Во ноември 2018 година, јавноста во Холандија беше шокирана од информацијата дека во една продавница се случило четирикратно убиство.

Холандската полиција по повикот дека се слуша пукање во фарма со канабис во Еншеде го нашле сопственикот на продавницата Туан Нгуен на влезот во продавницата и уште три тела на Артур Саркисјан (34), Макс Класен (62) и Мајкел Акфидан (27), сите со прострелни рани.

Полицијата тогаш бргу формира тим со повеќе од 80 детективи и започна една од најголемите полициски истраги во Холандија.

Врз основа на доказите собрани на самото место, полицијата утврдила дека жртвите биле застрелани од два пиштола од кратко растојание, дека сигурно има повеќе сторители и дека се исклучени снимките од безбедносните камери

Тие набргу ги открија осомничените врз база на биолошката трага на Дејан А., која ја оставил на тоалетната школка.

Според холандските медиуми, дури неодамна кога беше објавена книгата „Квартетморд“ за прв пат се откри дека виновниците можеби никогаш не биле пронајдени доколку холандската полиција ја нема ДНК-та на Дејан во базата на податоци.

Тој уште во 2012 година беше изведен пред судот во Алем затоа што девојката го пријавила за злоставување. Прво беше ослободен и биолошките податоци беа избришани од евиденцијата, но по жалбата, судењето повторно се одржа и така неговата ДНК беше пронајдена во полициските записи.

Обвинителството го окарактеризира убиството во обвинението како ладнокрвно и брутално, но и добро организирано и со умисла. Од друга страна, адвокатот на одбраната тврди дека фактите, како што е фактот дека сè се случило сред бел ден, дека обвинетиот оставил траги насекаде и побегнал, укажуваат на тоа дека станува збор за паника и непромислена реакција.

Покрај биолошката трага на Дејан, во автомобилот на Ќамил А. и неговите два сина Дејан и Денис, за кои холандските медиуми велат дека се Срби, но живеат подолго време во Холандија биле пронајдени и крвави траги. Облеката што ја носеле тој ден никогаш не била пронајдена на снимките од безбедносните камери.

Според обвинителството, сите овие траги несомнено укажувале на тоа дека тројцата Срби биле извршители, поднесено е обвинение и беа побарани три доживотни казни, бидејќи, како што објасни обвинителот, тие биле „подеднакво виновни“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот