ВИДЕО: Тројца повредени во напад на средно училиште во Тексас, напаѓачот во бегство

Напад на средно училиште / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Неколку лица се повредени за време на пукање денеска наутро во гимназијата „Тимбервју”, во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесоа американските медиуми.

Училишниот округ „Менсфилд ИСД” во писмо до родителите потврди дека полицијата истражува активен напад во средното училиште. Во писмото се додава дека учениците и вработените се затворени во своите училници и канцеларии и дека во него не е дозволен влез за посетители, јави NBC DFW.

Телевизијата „ФОКС 4″ наведува дека извор близок до полицијата изјавил дека во нападот се застрелани три лица, но дека никој не е убиен.

Се претпоставува дека вооруженото лице се уште е во училишниот круг, но полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство.

Во училишниот двор биле испратени неколку полициски екипи.

Еј -Би -Си Нуз пишува дека „Менсфилд ИСД” соопшти дека ситуацијата во моментов е „под контрола” и дека учениците се одведени во друга зграда за да бидат во контакт со нивните семејства.

Телевизијата додава дека непознат напаѓач застрелал неколку луѓе пред да побегне од местото на настанот и дека засега не е познат бројот на ранетите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот