Видео: Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби тројца полицајци и член на приватно обезбедување пред зградата на француската амбасада во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам, пред да биде убиен, соопшти денеска полицијата.

Нападот и жртвите ги потврди главниот полициски инспектор Симон Сиро во краткото видео објавено на информативниот портал Милард Ајо во Танзанија, пренесува Хина.

Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот, додаде инспекторот.

Уште шест лица се повредени во нападот, а мотивите за него не се познати, изјави полицискиот командант Либератус Сабас.

– Истрагата е во тек, ги повикуваме жителите да останат смирени, додаде тој.

Претседателот на Танзанија Самија Сулуху Хасан испрати сочувство до семејствата на жртвите и рече дека е шокирана од убиството на полицајците и чуваро

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот