ВИДЕО | Tројца навивачи ги пречекаа фудбалерите на ПСЖ по освоената титула

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Пари Сен Жермен вчера ја обезбеди 11-тата шампионска титула во француската Лига 1 со која станаа најтрофеен клуб во историјата на француското првенство.

Со преземањето на Катарците започна доминацијата на клубот од Париз на домашна сцена, но навивачите се засистени од тој успех и се додека нема посериозни резултати во Лигата на шампионите нема да бидат задоволни.

Дека освоената титула во првенството не им значи скоро ништо покажува и ситуацијата на аеродромот. По враќањето од натпреварот против Стразбур на аеродромот во Париз фудбалерите беа пречекани само од тројца навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот