ВИДЕО: Триумфот на Кадиз во сенка на расистичкиот скандал во кој го навредуваа фудбалерот на Валенсија

epa09115892 Valencia's French defender Mouctar Diakhaby (R) leaves the pitch with his teammates after allegedly receiving a racist comment by Cadiz's defender Juan Cala (R) during their Spanish LaLiga soccer match between Cadiz CF and Valencia CF at Ramon de Carranza stadium in Cadiz, Andalusia, Spain, 04 April 2021. EPA-EFE/ROMAN RIOS

Фудбалерите на Кадиз ја совладаа Валенсија со 2:1 во 29. коло од Ла Лига, но натпреварот помина во знакот на расистичкиот испад кој ги натера гостите да се повлечат во соблекувалната во првото полувреме.
Кала во 14. Минута донесе предност на Кадиз во 14. минута, но само пет минути подоцна Валенсија израмни преку Гамеиро.

 

Иако немаше голови во остатокот од првиот дел, на истекот од половина час игра се слулчи расистички скандал. Бекот на Валенсија, Диакаби заработи жолт картон и влезе во вербален дуел со играчите на Кадиз, а потоа го напушти теренот и одби да се врати. Наводно, домашните фудбалери го навредувале Диакаби, а неговите соиграчи во знак на поддршка заминаа во соблекувалната и половина час одбиваа да се вратат на теренот.
Сепак, натпреварот продолжи, а тренерот на Валенсија, Хави Гарсија одлучи да го замени Диакаби.
Победничкиот гол домашните фудбалери го постигнаа во самиот финиш на натпреварот, поточно во 88. минута  и тоа преку Мауро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот