ВИДЕО: Тригодишно девојче извлечено живо 65 часа по земјотресот во Измир, спасена и тинејџерка

Повредено тригодишно девојче е спасено денеска, 65 часа по катастрофалниот земјотрес кој го погоди егејскиот брег на Турција, во регионот на Измир, објави турската агенција Анадолу.

Спасувачките екипи извлекуваат трупови / Измир, Туција / 1 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Елиф Перинек е извлечена од под урантините дури три дена по потресот, и е 106-тото лице кое е извлечено живо. Таа е итно префрлена во болница, а властите изразија задоволство што го спасија малечкото девојче.

Спасено 3-годишно девојче/ Измир, Турција Извор: Anadolu Agency/ Лиценцирано видео

Инаку 23 часа по земјотресот мајката на Елиф Сехер Дерели Перинек и нејзините браќа близнаци, 10-годишните Езел и Елзем Перинек, како и 7-годишниот брат Умут Перинек исто така се извлечени од под урнатините. Но, Умут почина отпосле, додека мајката и нејзините деца се на лекување во болница.

Неколку часа пред тоа, спасувачите добија аплауз откако од урнатините ја извлекоа 14-годишната Идил Сирин, која ја спасија 58 часа по замјотресот. Нејзината осумгодишна сестра Ипек не преживеа, објави телевизијата НТВ.

Претходно спасувачките служби и кучињата трагачи спасија и куче кое беше заробено под урнатините 65 часа.

Куче спаси куче/ Измир, Турција Извор: Anadolu Agency/ Лиценцирано видео

Турција е меѓу земјите со највисока сеизмичка активност и постојано ја погодуваат страотни земјотреси со човечки жртви и материјална штета.

Расте бројот на жртви во земјотресот во Турција и Грција

Спасено 3-годишно девојче/ Измир, Турција Извор: Anadolu Agency/ Лиценцирано видео

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот