ВИДЕО: Тригодишно дете пронајдено живо, три дена откако било пријавено за исчезнато

Mомчето, кое има аутизам и не зборува, преживеало три ноќи само во грмушка, на температури што се спуштиле до 3 Целзиусови степени / Фото: Принтксрин / NSW Police Force

Тригодишно момче беше пронајдено живо во понеделникот, три дена откако исчезна од руралниот имот на неговото семејство во Нов Јужен Велс, држава во источна Австралија, соопшти полицијата.

Момчето беше забележано со хеликоптер во понеделникот наутро, речиси 72 часа откако последен пат беше видено на рурален имот во Пути, на околу 110 километри северозападно од Сиднеј, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Полицијата објави и снимка од момчето како пие вода од поток.

„Ова е добра приказна за во весник“, рече полициската инспекторка Трејси Чепмен, додавајќи дека фактот дека бил толку близу до вода „потенцијално му дал шанса на момчето да преживее“.

Кога исчезна, започна голема спасувачка операција во која беа вклучени полицајци на мотоцикли, кучиња, полицајци на коњи, нуркачи и полициски хеликоптер, како и стотици волонтери за итна помош.

Локалните медиуми објавија дека момчето, кое има аутизам и не зборува, преживеало три ноќи само во грмушка на температури што се спуштиле до 3 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот