ВИДЕО: Тричковски има фантастична сезона во Кипар, седум голови од шест настапи

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Денеска нов триумф забележа екипата на АЕК Ларнака која на домашен терен со 3:0 ја оправда фаворитската улога против Паеек.

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски игра феноменално оваа сезона, и на денешниот дуел се запиша во листата на стрелците.

Во 12 минута после асистенцијата на Еспиноза нашиот поранешен репрезентативец со глава ја испрати топката во гостинската мрежа за водство од 1:0.

Тричковски веќе има седум голови од шест настапи и доколку продолжи во ваков ритам можно е да го надмине својот рекорд на постигнати голови во шампионатот. Најмногу погодоци имаше во сезоната 2019/20 вкупно 20, лани 16, а во сезоната 2018/2019 вкупно 15 голови.

После четвртата победа сезонава во најсилното кипарско првенство АЕК Ларнака е на првото место со 14 бодови, два повеќе од второпласираниот Аполон кој својот меч ќе го има в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот