ВИДЕО | Три гола во судиското продолжение и луда завршница за победа на Милан против Емполи

Емполи - Милан/ 1 октомври/ Фото: EPA-EFE/Claudio Giovannini

Екипата на Милан денес имаше тешко гостување кај Емполи, а на крајот во „луда“ завршница „росонерите“ славеа со 3:1. Три од четирите гола на овој натпревар видовме во последните пет минути.

Милан беше ф аворит, но тренерот Стефано Пиоли се соочи со многу проблеми, па повторно не можеше да смета на важни членови на тимот. Најмногу се почувствува изоставувањето на левиот бек Тео Ернандез, а не беше во комбинација за настап и голманот Мањан.

За работата за Милан да биде полоша во текот на натпреварот се повредија уште тројца. Во првиот дел теренот го напуштија Салемакерс и Калабрија, додека во вториот дел се повреди искусниот Кјаер.

На првиот гол се чекаше дури до 79. минута кога мрежата на Емполи ја погоди Хрватот Анте Ребиќ. Овој гол на Ребиќ како да беше само најава за лудилото кое следуваше во последните пет минути.

Емполи во првата минуда од судиското продолжение стигнува до изедначување преку Бајрами за во 93. и 96. минута Милан со головите на Бало Туре и Леао да не дозволи да опстане без цел плен од овој дуел.

Со овој триумф Милан се изедначи на втората позиција со 17 бодови со Аталанта која својот натпревар од осмото коло го игра утре.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот