Трет ден во Собранието пратениците од власта и од опозицијата дебатираат за Предлог – законот за попис. И денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со став дека пописот е политичка, а не статистичка операција.
Од друга страна владејачкото мнозинство смета дека пописот е статистичка, а не политичка операција.
На овие прашања одговори дадоа, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Ванчева.