ВИДЕО: Тренер генијалец, извади играч од средниот ред за да внесе – втор голман

Фудбалската тактика постојано еволуира, тренерите постојано се обидуваат да пронајдат нови иновации со кои ќе го надмнудрат противникот.
Вообичаено тоа е комплетна промена на фудбалсата филозофија, но не ретко на терените се гледаат и импровизации, каква што се случи во Филипини.

На натпреварот од филипинската прва лига, тренерот на Мендиоле, Дан Педернал направи крајно невообичаен потег, во судиското продолжение, од го извади Стивен Апија (не е поранешниот играч на Јувентус) и во игра уфрли втор голман, Кенри Болобо.

Коментаторите не можеа да го сокријат изненадувањето од потекот на тренерот бидејќи Балобо отсекогаш играл само на својата природна позиција, голманската.
Видеото од крајно невообичаениот потег на Педернал погледнете го на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот