ВИДЕО | Тренчевска: Централно место во нашите политики имаат граѓаните, нивните потреби и приоритети

Фото: СДСМ

Изминатите години креиравме политики, проекти и активности, и на централно и на локално ниво кои значат подобар стандард на граѓаните, поголеми плати на работниците, поголеми пензии на пензионерите, кои го унапредуват квалитетот на живот на сите граѓани, истакна членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

Таа нагласи дека во време на пандемија покажавме што значи да се грижиш за секој граѓанин, за секоја компанија, за секое работно место.

– Преку социјален дијалог креиравме шест пакети економски мерки вредни една милијарда двесте и шеесет милиони евра кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите, спасивме 100 000 работни места и успеавме да ја задржиме економската стабилност во државата, истакна Тренчевска.

Таа наведе дека за 4 години минималната плата е зголемена за 6000 денари, од ниските 9000 на 15 200 денари, просечната плата денес е над 28 000 денари, пензионерите добиваат повисоки пензии, кои два пати годишно се усогласуваат со растот на тошоците на живот, социјалната помош е за 300% зголемена, воведена е државна социјална пензија, СДСМ ја исправи децениската неправда кон стечајните работници, 13 000 лица денеска добиваат месечен надоместок од 9240 денари.

– Со усвојување на измените на Законот за социјална заштита, ја спуштивме границата за лична асистенција од 18 на 6 години, сега личен асистент ќе може да добие секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете со веќе навршени шест години, истакна Тренчевска.

Таа нагласи дека СДСМ континуирано инвестира во раното детско образование, затоа за само 9 месеци отворивме 12 градинки во кои се згрижени околу 700 деца, а до крајот на годината вратите ќе ги отворат уште 13 нови градинки.

Видео на денот