ВИДЕО: Трамп објасни како тој би го решил проблемот со Путин

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс објасни како тој би одговорил на акциите и изјавите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, сугерирајќи дека ќе испрати нуклеарни подморници долж рускиот брег.

Трамп избегна да го каже зборот „нуклеарно оружје“, но затоа го употреби изразот „н-збор“ (n-word). Сомнително е дали Трамп е свесен дека терминот „n-word“ често се користи во погрден контекст за афроамериканското население.

„Постојано слушав како Путин го користи н-зборот, нуклеарниот збор“, изјави Трамп за Фокс, додавајќи дека се надева дека употребата на нуклеарното оружје никогаш нема да се случи „бидејќи тоа ќе биде трагедијата на сите трагедии“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот