ВИДЕО: Трамп напушти интервју, па без дозвола од телевизијата го емитуваше

epaselect epa08723082 US President Donald J. Trump gestures after returning to the White House, in Washington, DC, USA, 05 October 2020, following several days at Walter Reed National Military Medical Center for treatment for COVID-19. EPA-EFE/KEN CEDENO / POOL

Републиканскиот претседател често ги обвинуваше медиумите дека не му се благо наклонети, но објавувањето интервју пред телевизијата да го стори тоа е нешто што не е видено досега.

Американскиот претседател Доналд Трамп самиот објави телевизиско интервју пред истото да биде прикажано на телевизија, а тој необичен потег го оправда со тоа што сакаше да ја покаже пристрасноста на новинарката.

Трамп на социјалните мрежи објави скоро 40-минутен разговор со Лесли Стајл, добро позната водителка на емисијата „60 минути“ на CBS, со коментар: „Погледнете ја оваа пристрасност, омраза и грубост од 60 минути и CBS“.

Претседателот, кој беше нерасположен и нервозен за време на интервјуто, постојано се жалеше дека добива „тешки прашања“, додека демократскиот ривал Џо Бајден има „лесни“.

-Само барам да бидете искрени. Би сакал да го интервјуиравте Џо Бајден како што ме интервјуиравте мене- вели Трамп.

Телевизијата самата се „дискредитираше“ со тоа што го праша Бајден кој е неговиот омилен вкус на сладолед, продолжи Трамп.

Тој исто така ги обвини Си-Би-Ес дека го штитат Бајден затоа што новинарката му рекла: „Не можеме да прашуваме работи што не можеме да ги провериме“.

-Што е многу, многу е- вели Трамп на крајот од интервјуто и одеднаш го напушта студиото.

Републиканскиот претседател често ги обвинуваше медиумите дека не му се благо наклонети, но објавувањето интервју пред телевизијата да го стори тоа е нешто што не е видено досега.

Уште во вторникот, Трамп се закани дека ќе објави снимка од интервјуто во Белата куќа за секој да може да види како изгледа „лажно“ и непристрасно интервју.

Интервјуто со Трамп требаше да биде објавено во посебна програма заедно со Бајден.

„60 минути“ е една од најгледаните емисии на американската телевизија, особено популарна меѓу постарите гледачи.

Кога видеото беше објавено, Трамп ја нападна модераторката на последната дебата на претседателските кандидати, со која вечерва повторно ќе се соочи со Бајден.

„Денешната водителка Кристен Велкер е многу полоша!“, напиша тој заедно со најавата.

Тој претходно го обвини новинарот на Ен-Би-Си дека го фаворизира Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот