ВИДЕО: Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави можна нова кандидатура за 2024 година.

– Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да бидат уште четири години. Во спротивно, се гледаме за четири години, рече Трамп пред гостите на празничниот прием во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп на социјалните мрежи ја објави еден од гостите.

На видеото се гледаат десетици луѓе собрани во холот на Белата куќа. Многу од нив не носат заштитни маски, со што се кршат упатствата на американската Влада издадени поради епидемијата на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот