ВИДЕО | Трајковски од Средношколскиот сојуз: Еве шанса Царовска да го слушне критичкото мислење на младите

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека државната матура ќе се спроведе, дека матурантите имаат право да го изразат незадоволството, но смета дека бојкотот е неоправдан. Со поддршка на Сојузот на средношколци, вчера матуранти во неколку училишта не се вклучија во онлајн наставата.

Филип Трајковски, од средношколскиот сојуз, матурант и претседател на ученичкиот парламент во гимназијата „Гоце Делчев“, за Утрински брифинг вели дека од денес ќе се придружат и матурантите од економското училиште „Перо Наков“, а во контакт се и со другите училишта од кои очекуваат поддршка.

–Ова е втор бојкот по ред. Министерката говореше дека само ако Сојузот на средношколци застане зад протестите таа ќе преговара со нив. Еве гледаме дека сега тоа не се случува, изјави за Утрински брифинг, Филип Трајковски.

–Мене воопшто не ми е проблем четири предмети да полагам, но има деца на кои тоа им е проблем. Министерката постојано потенцира дека сака да слушне критичко мислење кај младите. Еве и шанса тоа да го потврди, вели Трајковски.

–Како и секогаш имаме поделено мислење кај наставниците, но мислам дека повеќето застануваат зад нас. Бојкотот ќе оди се додека не седнеме со министерството за образование и наука и да најдаме решение. Ако сакаме да живееме во таа демократија, тогаш треба да се слушне мислењето на сите, изјави Трајковски.

Целиот разговор со Филип Трајковски погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот