ВИДЕО: Трајковски донесе водство за Македонија во Ереван

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската А репрезентација во Ереван игра важен натпревар во битката за второто место во квалификациската група „Ј“ кое води во баражот за Светското првенство.

Нашата селекција води од 22 минута со голот на Александар Трајковски после асистенцијата на Стефан Ашковски.

Претходно Ашковски успеа во соло акција да се ослободи од двајца противнички играчи, а потоа во казнетиот простор го пронајде Трајковски кој ја смести топката во мрежата на Јурченко.

Тоа беше 19 погодок за Трајковски во сениорскиот дрес, тој е вториот најдобар стрелец во историјата на Македонија, далеку зад Горан Пандев кој застана на 38.

На видео записот можете да го погледнете водечкиот гол на Македонија во Ереван. Голот можете да го погледнете и ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот