ВИДЕО | Трајков од „Попова кула“: Имаме одлично вино, но ни фали добар маркетинг и добри дистрибутивни канали

Јордан Трајков, сопственик на винарската визба „Попова кула“
Јордан Трајков, сопственик на винарската визба „Попова кула“ / Утрински брифинг

-Сложени се проблемите и во винарството и во лозарството. Сложени се затоа што е факт дека ние сме мала земја и иако мислиме дека сме голем производител на вино, ние сме мали во светски рамки и во суштина она што малку се разбира е дека ние сме подложни на она што се случува на светскиот пазар со виното. Значи нашите проблеми се рефлексија на она што се случува на меѓународните пазари, , изјави во Утрински брифинг Јордан Трајков, сопственик на винарската визба „Попова кула“, кој додава дека само кога тоа ќе се има предвид, може да се разберат проблемите и може да се изгради некаква стратегија за понатамошен развој.

Трајков вели дека ние како држава сме идеално позиционирани на тој т.н вински каиш.

-Имаме идеална географска ширина, каде што е Македонија, Тоскана, Бордо, значи најдобрите вински региони. Таков е и тиквешкиот вински регион. Имаме предуслови за да произведеме добро грозје и добро вино, но јас велам дека имаме маркетингшки предизвик., а тоа дека ние не сме познати во светот и пред нас претстои една маркетингшка борба за да му докажеме на меѓународниот пазар дека ние имаме одлично вино.

-Кога одиме на наливно вино, додадената вредност што се враќа назад во Македонија е многу мала, која што не дава можности за развој. Само доколку продаваме во шише има можност да се врати некоја додадена вредност во Македонија и да размислуваме за равој на винарството и на лозарството. Лозарството и винарството не треба да се гледаат одвоено, туку напротив заедно, додава Трајков.

-Значи основниот наш проблем е што сѐ уште немаме освоено доволно големи меѓународни пазари каде што можеме да го пласираме нашето вино во шише, потенцира Трајков.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот