ВИДЕО | Трајчевски: ГТЦ сам по себе е бренд, конкуренцијата секогаш е добредојдена

Во изминатиов период ГТЦ АД Скопје, со сите сили се обидувавме да се справиме со предизвиците наметнати од моменталната ситуација. За целиот период на пандемијата ГТЦ донесе низа одлуки кои помогнаа на дуќанџиите како намалување на тековното одржување, а со ова ние директно влијаевме и помогнавме на дуќаните во ГТЦ, изјави во Утрински брифинг Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ и додава дека дуќаните се напуштаат, но и се отвораат нови.

И во периодов што следи изнаоѓаме решенија како да се помогне на дуќанџиите, не вршиме некој директен притсок врз стопанството, овозможуваме подмирувањето на обврските на рати. Она што го гледаме на вториот спрат како затворени дуќани, истите се затворени повеќе од 10 години. Тие се затворени зошто има судски постапки. Кога тие постапки ќе се завршат, ГТЦ ќе може да делува, односно да наоѓа брендови кои ќе можат да влезат и да бидат учесници во ГТЦ, вели Трајчевски.

ГТЦ сам по себе е бренд, така што не ме загрижува отворањето на нови молови. Конкуренцијата во секој случај е добра, дециден е Трајчевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот