ВИДЕО | Трајанов: Формирање на независна работна група за расчистување на бегството на Мијалков

Со овие случувања загрозена е Владата. Таа е во исклучителна сложена состојба и како ќе се менаџира овој процес времето ќе покаже. Анализирајќи ги досега присутните информации мислам дека имаме системска грешка. За нефункционирањето на системот првенствено одговорноста е кај владата и кај нејзиниот претседател. Тој систем мора да се постави, да функционира и во услови на криза и во вакви услови кои личат на криза, бидејќи е загрозена националната безбедност на нашата држава. Во оваа насока мислам дека институциите не функционираат самостојно, дека се под директно влијание и контрола на извршната власт и затоа ни се случуваат ваквите работи. Цело време зборуваме за потреба од системски промени, но системот е лошо поставен, не функционира, изјави за Утрински брифинг лидерот на ДС, Павле Трајанов.

 

„Сакам да посочам две нивоа на одговорност – прво, мислам дека постои основа за да се отвори расправа за политичката одговорност на владата и на министрите кои на еден или друг начин се повикани. Втората работа е – дали постои основа за кривична одговорност за намерни или неманамерни пропусти кои се случуваат, а се поврзани со крупни случаи“, вели Трајанов.

„Очекувам Владата да направи работна група и професионално да се расчистат сите аспекти околу бегството на Мијалков. Под итно требаше да се вклучи Советот на јавни обвинители, судскиот Совет, Јавниот обвинител, министерот за внатрешни мораше да формира работна група од професионалци кои што ќе ги расчистуваат работите и паралелно со тоа целиот механизам да го вклучи околу разрешувањето на оваа неспецифична состојба.“, рече Трајанов.

Говорејќи за состојбите во коалцијата и што значи самостојниот настап надвор од пратеничката група на СДСМ, Трајанов вели дека со тоа не се доведува во прашање парламентарното мнозинство

„Коалицијата „Можеме“ е составена од повеќе политички партии во моментот . Пратеничката група не е на СДСМ, тука членуваат повеќе политички партии. Во парламентот ние може да делуваме како пратеничка група или како независни пратеници. Многу е сложен системот на дејствување во парламентот каде што доминира поголема политичка партија. Од секогаш јас сум дејствувал самостојно. Дејстувањето самостојно не значи дека се напушта парламентарното мнозинство или дека е доведоно во прашње коалицијата, опстанокот на Владата“, изјави Трајанов и додаде дека апсолутно не е нарушено парламентарното мнозинство со делувањето самостојно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот