ВИДЕО | Трагедија во Тетово: Жена го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва / Фото: Скриншот, Фејсбук

Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.

– Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино”, патничко моторно возило „тојота рав” со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.

Извор: МИА

Еден загинат и двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа кај Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот