ВИДЕО| ТРАГЕДИЈА ВО НОЌЕН КЛУБ ВО БАКУ: Експлодираше плинска боца, едно лице загина, 31 повреден

Фото: Принтскрин/Твитер

Експлозијата се случи во неделата вечерта околу 03:00 часот како последица на пожар во ноќен клуб лоциран на улицата Тарлан Алијарбеков во областа Сабаил во Баку. Според првичните информации, едно лице загина, а 31 се повредени, соопшти Канцеларијата на Јавното обвинителство на Азербејџан.

На лице место се претставници на обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Министерството за вонредни состојби и други надлежни служби. Инспекторите и криминолозите на обвинителството ги спроведуваат потребните истражни дејствија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека акцијата за пребарување и спасување спроведена во врска со пожарот и експлозијата во ноќниот клуб е веќе завршена.

„Надлежните одделенија ги истражуваат причините за инцидентот“, соопшти прес-службата на одделението.

Според податоците на Министерството за здравство, од 31 жртва на експлозијата во ноќниот клуб, хоспитализирани се 24 лица, од кои 13 мажи и 11 жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот