ВИДЕО: Трагедија во Непал, 28 лица загинаа во автобуска несреќа

Урнат автобус во Непал/ Фото Screenshot Youtube

Најмалку 28 луѓе загинаа, а многумина се повредени во автобуска несреќа во северозападен Непал, пренесува Би -Би -Си. 

Автобусот патувал низ областа Мугу, а потоа излетал од патот и се урнал по падината, објавија локалните медиуми.  

Причината за несреќата не е позната, но се верува дека автобусот имал проблем со сопирачките.  

Вакви сообраќајни несреќи не се невообичаени во Непал. Лошите патишта и лошо одржуваните возила се вообичаени виновници. Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот