ВИДЕО | Трагедија во Москва: Мајка држејќи ги двата сина скокнала од 19-ти спрат

Руска полиција/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Мајка од Русија скокнала од нејзиниот прозорец, заедно со нејзиното новороденото бебе и нејзиниот син во рацете, убивајќи ги и двете деца, вели полицијата, пренесува Мирор.  

Олга Жаркова (34) и нејзините два сина, на возраст од три години и еден месец, починале при падот од станот на 19-тиот кат во Москва, каде детективите започнаа истрага за убиство.  

Се сомнева дека мајката на две деца страдала од депресија пред да си го одземе својот и животот на своите деца, велат инспекторите. 

Жаркова, сопруга на руски воен офицер, наводно напишала белешка во која вели дека не сакала да ги остави своите деца во овој „тежок, мрачен свет“ и ги држела децата во своите раце додека паѓала од големата висина. 

„Таа им се пожали на своите познаници дека имала постнатална депресија“, изјави полициски извор за „Комсомолскаја правда“.  

„Се чувствуваше осамена и уморна“ 

Нејзиниот сопруг Дмитриј (35) бил шокириан кога пристигнал на местото на настанот.  

Олга се жалела дека нејзиниот сопруг отсуствувал од дома долго време поради воените должности, велат извештаите повикувајќи се на органите на прогонот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот