ВИДЕО: Трагедија во Индија, стотици загинати и повредени во железничка несреќа

Страотна железничка несреќа во Индија/Фото: Твитер

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се хоспитализирани во Индија кога патнички воз се судри со товарен воз во индиската држава Одиша, соопштија индиските медиуми и локалните власти.

Возот „Коромандел експрес“, кој сообраќал од Калкута до Ченај, излетал од шините и удрил во товарен воз. Во тек се спасувачки операции.

Во судир на два воза во август 1995 година во близина на Њу Делхи загинаа 358 луѓе во најголемата железничка несреќа во таа држава. Повеќе од 12 милиони луѓе се превезуваат со 14.000 возови дневно во Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот