ВИДЕО | Трагедија во Хрватска: Tатко си ги задавил своите три деца во Загреб, убиството го најавил на фејсбук

Загрепска полиција / Фото: ЕПА

Тешко злосторство во кое животот го загубија три деца се случило ноќеска во Загреб, пишува хрватски Дневник.

Според информациите на тамошните медиуми, во стан во загребската населба Млинови, полицијата пронашла три најверојатно задавени деца и нивниот татко, кои се обидел да изврши самоубиство откако ги убил децата, а претходно објавил писмо на фејсбук.

Во времето на злосторството, мајката на убиените деца не била во Загреб, а децата го поминувале викендот со својот татко. Според неофицијални информации, родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот го поминувале со својот татко.

Се уште нема официјално потврдена информација за убиството, мотивите на злосторството и жртвите. Имено, додека не го известат семејството, полицијата не сака да излезе во јавноста со никакви детали.

Околу два часот во Млинови, врз основа на добиените информации за најавеното самоубиство, во станот е пронајден маж кој се обидел да се самоубие, по што бил пренесен во болница, вели полицијата.

Се работи за три деца, близнаци момче и девојка на седумгодишна возраст и друг син на четиригодишна возраст.

Таткото преживеал, но неговата моментална состојба не е позната, а се вели дека е искусен финансиски консултант кој работел за неколку реномирани австриски компании и има своја консултантска компанија во Виена.

Пред бруталното злосторство, тој објавил писмо на социјалните мрежи во кое пишува дека неговата девојка го напуштила затоа што поранешната сопруга била лоша со неа и дека останал без пари. Ги споменува и неговите пријатели и браќа од масонската ложа.

Како што пренесува Јутарњи лист, таткото-убиец е искусен финаниски консултант кој дипломирал на универзитетот Донау во австрискиот град Кремс и има титула магистер на работна администрација (МБА). Човекот работел во некоја од водечките лизинг-компании, но и на водечки позиции во добропознатите компании Бош, Алкател и др. Има австриско државјанство со постојана хрватска адреса, а според достапните податоци, роден е во 1965 година. Весникот објавува и вознемирувачки детали за тоа што затекнале полицајците во станот.

Официјално, полицијата само објави дека „три деца без знаци на живот се пронајдени на местото на настанот и постои сомневање за кривично дело убиство. Истрагата ја води заменик-окружниот обвинител“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот