ВИДЕО | Трагедија во Аргентина: Навивач падна од трибина и загина, судијата веднаш го прекина мечот

фото: EPA-EFE/Demian Alday Estevez

Ужасна вест доаѓа од Аргентина, откако на фудбалскиот натпревар помеѓу Ривер Плејт и Дефенса и Хустисија се случи огромна трагедија.

Имено, еден навивач го загуби животот откако падна од трибините.

Мечот се играше во 27 минута кога судијата Фернандо Рапалини поради трагедијата мораше да го прекине истиот, а резултатот во тој момент беше 0:0.

И натаму нема информации кога натпреварот ќе продолжи.

– Прашав што се случило и организаторите ми кажаа дека навивачот падна од трибината. Потоа ме замолија да го прекина мечот и јас го направив тоа – изјави Рапалини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот