ВИДЕО | Трагедија: Млад боксер почина после тешки повреди во рингот

Фото: Screenshot

Трагични вести ни пристигнуваат од Колумбија. 25-годишниот боксер Луис Кинонес им подлегнал на повредите заработени пред неколку дена во боксерскиот ринг.

Сонародникот на Кинонес, Хозе Муњоз беше противникот во суперлесна категорија каде што тој ги заработи тешките повреди од кои за жал не успеа да се опорави.

Жестоките удари Кинонес ги доби во осмата рунда од мечот. По повредите итно бил пренесен во болницата каде што докторите неколку дена се бореа за неговиот живот и на крај не успеаа да го спасат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот