ВИДЕО| Товарен воз со опасни материи излета од шините во Ајова, избувна пожар, не се знае дали има жртви

Според началникот на локалната противпожарна служба, амонијакот и минералните ѓубрива биле транспортирани во цистерни и вагони.

Товарен воз на компанијата „Унион Пацифик“ кој превезувал опасни материи, излетал шините во близина на градот Сибли во американската држава Ајова. За брзо време избувнал и пожар.

Локалните власти наредиле евакуација на околу 80 лица на пет милји од местото на несреќата, но засега нема извештаи за жртви.

Од шините излетале 47 вагони, а во тек е истрага за причините за несреќата, соопштија од седиштетот на „Унион Пацифик“.

Според началникот на локалната противпожарна служба во цистерните и вагоните се транспортирал амонијак и минерални ѓубрива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот