ВИДЕО: Тотенхем ги казни грешките на Лидс
Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Лидс за кого 63. минути одигра и Алиоски во убедливи 3:0 и се искачија на третото место на табелата во Премиер лигата.
Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски кој ја имаше првата шанса на натпреварот, но неговиот шут заврши во надворешниот дел од мрежата, има вина во првиот гол на Тотенхем.
Имено, голманот на Лидс, Мелие катастрофално ја ифрли топката, таа дојде до Бергвајн кој беше фаулиран од Алиоски по што судијата досуди пенал. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Хари Кејн кој стана првиот играч во петте најсилни лиги во Европа кој има двоцирен број на голови и аситенции.
Во 43. минута, Кејн одлично центрираше во шеснаесетникот на Лидс каде најспретен беше Сон кој ја избегна офсајд замката и на Тотенхем му донесе водство од 2:0.
Конечниот резултат во 50. минута го постави Тоби Алдервеид по уште една катастрофална грешка на Мелие. По изведениот корнер од десната страна, Алдервеид со глава ја удри топката која одеше директно во Мелие, но голманот на Лидс падна и топката заврши зад гол линијата.
Лидс и Алиоски ќе имаат шанса за две недели да го поправат впечатокот кога им гостува Брајтон, додека Тотенхем гна 13. јануари го очекува тешко гостување кај Астон Вила.